Општина Охрид го распиша конкурсот за доделување на највисокото општинско признание – наградата „Св. Климент Охридски“ за 2016 година.
Со Наградата се оддава највисоко признание за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот од особено значење за општината, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот и за нејзиниот севкупен придонес и афирмација во Република Македонија и во светот.
Право на учество на конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани. Во пријавата за конкурсот потребно е да се достави кратка биографија и образложение за какви остварувања се конкурира. Кон пријавата потребно е да се достави и најмалку една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа во која се конкурира.
Наградата патрон на градот – „Св. Климент Охридски“ се доделува на еден добитник само еднаш и не може да се дели меѓу повеќе добитници.
Наградата традиционално ќе биде доделена на празникот „Св.Климент Охридски“ – патронот и заштитник на Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.