Распишан е конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2017. Конкурсот трае од 1 до 30 јуни 2017 година.
Со државната награда „Св. Климент Охридски” се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.
Во денеска објавениот конкурс се наведува дека државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани, а под условите определени во конкурсот може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство за остварување од јавен интерес за Република Македонија.
Паричниот износ на државната награда „Св. Климент Охридски” изнесува десет просечни месечни плати во Република Македонија исплатени во последните три месеци во тековната година.
Државната награда “Св. Климент Охридски” се доделува, по правило, секоја година. Во една година може да се доделат најмногу пет награди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.