Човекот кој привлече големо внимание на јавноста Шенки Маслани, познат по својата опсесија со брендот „Версаче“, сега го покажа и својот наследник.
Имено, вујко Шенки реши својот мал роднина да го облече во „Версаче“ брендот, па малиот изгледа како негова мини верзија.
Не изостанал ниту ланец околу вратот, а гордиот вујко се пофалил на своите фанови поставувајќи неколку фотографии на својот Фејсбук профил.
-Играње со „Версаче“- напишал Шенки под фотографиите на малиот.
Со оглед дека внукот на Шенки облечен во „Версаче“ тренерка има голема насмевка на лицето, јасно е дека ужива додека поминува време со вујко му.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.