Кога некој троши милион евра на уредување на куќата и базенот, а на гаќи 200 евра и на чорапи 45 евра, тогаш логично се наметнува рпашањето од каде му се парите.
Токму тоа и се прашуваат симпатзерите на арачиновецот Шенки Маслани, познат како Шенки Версаче, кој е опседнат со познатата модна марка.
Во куќата сѐ е Версаче, а оригиналните прозиводи ги купува во Италија.
Парите за ова скапо задовоство Шенки ги заработива со трговија со автомобили.
– Веќе 20 години ја работам оваа работа и не ми е жал што трошам толку пари на нешто што е мој заштитен знак.
Бидејќи Версаче сѐ уште не почнал да изработува автомобили, Шенки вози БМВ, и тоа не едно, туку 3, иако едно време имал и соодветно накитено ауди.
Сепак, скептиците уверуваат дека е невозножно да се стекне толкаво богатство само од препродажба на автомовили и сигурни се дека Шенки има уште некој „бизис“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.