| четврток, 6 декември 2018 |

Три другарчиња се затруле од енергетски пијалок

Вчера во 17.01 часот во ЕИК Скопје, од Детска Клиника при Клинички Центар-Мајка Тереза, било пријавено дека кај нив биле донесени тројца малолетници, две на возраст од 12 и едно на возраст од 11 години, од Скопје, кои биле затруени од енергетски пијалок „Симбо“, кој го купиле во Трговскиот Комплекс „Радишани“.

Со возило на Итна медицинска помош децата биле пренесени во Детската Клиника, каде било констатирано труење.

За настанот билр известени ОМД-Чаир и Агенцијата за храна и ветеринарство.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top