Вчера во 16.20 часот во ЕИК Скопје, М.Г. (33) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 12.30 часот во градинката „Срничка“ – објект „Чекорче“ , поточно во занималната на постара предучилишна група, додека нејзината малолетна ќерка лежела во своето креветче, од страна на непозната негователка било истурено кафе врз лицето на детето.
Притоа, детето се здобило со изгореници од прв степен во пределот на очите и левата јаболчница. Од страна на родителот детето било однесено на лекарски преглед во Детска хирургија-Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.