Македонскиот пејач ги спакува куферите и реши да ја напушти Македонија. Танзанија е изборот на Игор Митровиќ. Пејачот ќе си ја проба среќата надвор од нашите граници, а изборот паднал на Танзанија поради фактот што таму живее неговата сестра.

– Летово бев да ја посетам мојата сестра во Танзанија и многу ми се допадна животот таму. Видов како се одвиваат работите, се заљубив во местото и како се функционира таму и поради тоа решив да се преселам и да си ја пробам среќата. Воопшто не ми беше тешко да се одлучам на ваков чекор, се уште не сум почнал да работам, но наскоро ќе го средам и тоа прашање, во моментов сум во преговори – вели Митровиќ за „Вечер“.
Тој вели дека иако музиката е негова најголема љубов, периодов кариерата ќе ја стави на стенд бај, но тврди дека никогаш нема да се откаже од пеење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


