Манекенката Ели Мекфирсон, која поради фантастичното тело медиумите ја нарекоа „The Body“, иако зачекори во шестата деценија од животот, изгледа беспрекорно. Иако веќе не е во манекенските води и има две деца, се’ уште изгледа феноменално така што секоја жена би и’ завидела. Со своите обожаватели, Ели постојано споделува трикови и совети како успева да го одржи младешкиот изглед.
-Пијам три литри вода секој ден и настојувам да спијам барем седум часа. Добриот сон е наш сојузник, за време на спиењето, телото закрепнува, а организмот се ослободува од отровите- вели Ели.
Освен тоа, призна дека редовно вежба за да биде здрава, а анстојува и што е можно повеќе време да поминува во природа.
-Настојувам да бидам активна барем четири часа дневно, без разлика дали станува збор за прошетка во природа, велосипедизам, пливање, планинарење или за скијање. Исто така, знам дека мускулната маса пропаѓа со текот на годините, затоа верувам во умерени тренинзи со тегови. Откако ќе ја истрчам или ќе ја отпливам својата тура, настојувам секој ден да правам 15 минути склекови или стомачни вежби – објаснува Ели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.