| четврток, 6 декември 2018 |

Филмски грабеж: Во Јоханесбург украдена заработката од концертот на Бибер

Мошне спретни криминалци од Јоханесбург успеале во филмски стил да ја украдат заработката остварена од продажбата на билетите за концерт на Џастин Бибер. Крадците ја почнале акцијата додека концертот бил во полн ек и со помош на сајла се спуштиле во „безбедната соба“ на стадионот ФНБ.

Организаторите објавија дека сумата која била одземена изнесува околу 330.000 долари, а полицијата трага по сторителите. најинтересен податок е тоа што пленот бил одземен уште во сабота, а организаторите дури во понеделникот сфатиле дека парите исчезнале.

Младиот пејач Џастин Бибер кога чул за оваа вест, едноставно се пошегувал и на „Твитер“ напишал: „Не сум јас“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top