| четврток, 6 декември 2018 |

Оваа грешка ја прават речиси сите корисници на Вибер

Вибер денеска важи за значајна платформа за комуникација, која ја користат милиони луѓе низ светот.

Покрај низата технички поволности, Вибер се одликува со една многу важна карактеристика, а тоа е дека е целосно бесплатен, така што за да го користите потребна ви е само интернет конекција.

Безброј пати се зборувало и за слабостите на оваа апликација, но има една маана која им прави проблеми на повеќето корисници на Вибер. Тоа секако, е проблемот со безбедноста.

Дали сте знаеле дека пораките што ги праќате преку Вибер и повиците што ги вршите преку оваа мрежа може многу лесно да станат предмет на пресретнување и прислушување?

Затоа, за голема грешка се смета објавувањето на лични податоци и информации кои се (или би требало да бидат) тајни и достапни само за потесен круг на луѓе. Ни „обичните“ телефонски повици не се сигурни во однос на овој проблем, но сепак се побезбедни од оние на Вибер. Затоа, оваа апликација треба да се користи за размена само на основни информации, додека поважните разговори би требало да ги реализирате преку други канали.

Ова е всушност единствената вистинска причина зошто оние кои се грижат за својата приватност не треба го користат Вибер толку често.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top