| четврток, 6 декември 2018 |

Убиен навивач на Црвена Звезда; Ново убиство во мафијашката војна во Црна Гора

Вечерва во Бар, Црна Гора, по завршувањето на кошаркарскиот натпревар од АБА лигата меѓу Морнар и Црвена Ѕвезда убиен е Иван Лабан. Тој како навивач на српската екипа по мечот се упатил кон својот автомобил заедно со својата девојка и во тој момент двајца напаѓачи на мотор пукале кон него.

Иван (29) веднаш бил пренесен во болница но набрзо им подлегнал на повредите. Тој е внук на еден од најблиските соработници на тигрите на Аркан, Милован Ѓучиќ. Милован бил убиен во 2014 година. Властите се сомневаат дека и убиството на внукот е расчистување на стари долгови на српско-црногорското подземје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top