Поранешната германска европратеничка Дорис Пак, за Канал 5 вели дека Македонија во последните години има направено голем прогрес, но од особено важно е да се стави крај на кризата.
Дорис Пак вели дека изборите ќе бидат клучни за оценките кои Европската комисија ќе ги даде за Македонија.
– Јас мислам дека Македонија има доста прогрес во минатата година, се уште. Се надевам дека барем следните избори ќе дадат добар сигнал за овој извештај за напредокот. Како да коментирам политичка криза? Тоа е голема криза и се надевам со новите избори оваа криза ќеможе да биде надмината и дека ќе има силна влада и листа на реформи кои се потребни за кои ќе има и во прогрес извештајот, ќе може да се почне или да се продолжи. Ги имате нашите шанси, вели Пак за Канал 5.
Германската политичарка се надева дека и овој пат Европската комисија ќе има препорака за Македонија, но потенцира дека главната пречка за старт на преговорите е проблемот со Грција.
Пак потсетува дека земјава неколкупати има добиено позитивен извештај.
- Тоа е прашање на неприфаќање на името на земјата од Грција. Мислам дека во 2005 имаше многу можности да се почнат преговори за членство но тоа не беше можно. Меѓу 2005 и 2016 година, се случија многу работи, вие знаете подобро од мене, затоа мислам дека извештајот за напредокот е една работа, но да од Грција за старт на преговорите е друга работа. Се надевам дека владата ќе постигне договор со грчката влада што се однесува до овие внатрешни работи за прифаќање на името, вели Пак.
Македонија периодов е пред голем тест. Европската комисија на почетокот на ноември треба да го објави новиот извештај за земјава. Политичката криза во најголем голем дел ќе биде нотирана во документот на комисијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.