По неколку одлагања за утре во Основниот суд Скопје 1 е закажано рочиште за случајот „Пуч” во кој еден од обвинетите е и претседателот на СДСМ Зоран Заев. Минатотот рочиште беше одложено поради болен поротник. Претходно рочиштата се одложуваа бидејќи ќерката на Катица Јанева правеше свадба а потоа бидејќи Јанева мораше да ги слави празниците.
Предметот „Пуч“ на почетокот беше воден од Основното јавно обвинителство, но од неодамна премина во надлежност на Специјалното јавно обвинителство.
Тогаш почнаа и проблемите со преземање и на доказите кои ОЈО не брзаше да им ги предаде на СЈО. Тимот на СЈО почна да ги разгледува доказите директно во судот, а Апелацискиот суд дозволи СЈО да ги преземе сите документи во врска со предметот.
Во предметот „Пуч“, за неовластено прислушување се обвинети Заев, Верушевски, неговата сопруга Соња Верушевска, Ѓорѓи Лазаревски, поранешен вработен во МВР и вработениот во струмичката општина Бранко Палифров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.