Во текот на денешниот ден (понеделник) поради спуштање на студен бран од североисток ќе дува умерен, на некои места засилен ветер од северен правец. И покрај овој студен бран и понатаму ќе продолжи стабилното и суво време без врнежи.
Во текот на ноќта и во вторник наутро ќе биде многу студено со зимски температури кои ќе се движат во интервал од -4 до 3 степени. Значи на повеќе места температурите ќе паднат под нула степени.
В петок во текот на денот температурата ќе се движи во интервал од 7 до 15 степени.
Напомена: Доколку излегувате вечерва и во вторник наутро задолжително со вас да си понесете топла облека.
Извор: http://meteomax.mk/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.