| четврток, 6 декември 2018 |

Вујовиќ набрзина најде ангажман, и тоа не каде било, туку во европскиот вицешампион

veselin-vujovic

Веселин Вујовиќ само две седмици по заминувањето од Загреб си најде нов клупски ангажман. И тоа не каков било, туку како тренер на актуелниот европски вицешампион Веспрем. Црногорските медиуми објавија дека раководството на Веспрем ги прифатило сите услови што ги побарал Вујовиќ, а презентацијата на „Вујо мајсторе“ во новиот клуб би требала да се одржи во текот на наредната седмица.

Раководството на Веспрем е незадоволно од работата на Хави Сабате, кој по ланското разочарување во финалето од ЛШ многу слабо ја стартуваше и новата сезона. Во таборот на унгарскиот „џин“ постојат сериозни сомнежи дека Сабате може да ја оствари крајната цел – титула во Лигата на шампионите, па затоа се решени што поскоро да ја прекинат соработката со Шпанецот. Откако Вујовиќ стана достапен, челниците на Веспрем седнале на маса со трофејниот стручњак и начелно ги договориле сите услови за соработка.

Вујовиќ во моментов се наоѓа на подготовки со селекцијата на Словенија, а по двете квалификациски средби за ЕП 2018, тој според црногорските медиуми ќе замине за Унгарија на промоција во новиот клуб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top