| четврток, 6 декември 2018 |

Червар: Ќе одиме чекор по чекор, целта е пласман на Европското првенство

rakometna-reprezentacija-trening

Македонската сениорска ракометна репрезентација денеска го имаше првиот собир пред стартот на квалификациските натпревари против Украина и Чешка за пласман на Европското првенство во Хрватска во 2018 година.

На првиот тренинг недостасуваа дел од интернационалците како и Филип Миркуловски и Наумче Мојсовки кои заминаа во репрезентативна пензија. Нашиот предводник, Лино Червар многу добро знае што ќе знали нивното отсуство, но и без нив целта е идентична, континуитет на големите напреварувања.

– Ќе настапиме на Светското првенство во Франција, ама нашата цел е секогаш да бидеме присутни на големите натпреварувања, тоа е случај и со Европското првенство во Хрватска. Сега имаме нова задача, ново докажување пред нас, но нема да ни биде исто без двата столба Мојсовски и Миркуловски. Ние ќе направиме за да обезбедиме пласман на ЕП. Одиме чекор по чекор, сега размислуваме само за Украина. Ќе барам од играчите да дадат 100 проценти да го имаме тој глад за победа. Се надевам и публиката ќе не поддржи во голем број и заедно да се радуваме на првиот триумф во овие квалификации – истакна Червар.

Дуелот против Украина го играме на 2 ноември на домашен терен, додека на 5 ноември и гостуваме на селекцијата на Чешка. Во нашата квалификациска група се наоѓа и репрезентацијата на Исланд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top