Моделите што доаѓаат од светските модни писти може да се носат во сите годишни времиња.
Необична текстура
Ако ваш фаворит е необичниот надворешен изглед на материјалот, тогаш побарајте ги сивкавите модели бидејќи везот на тие фустани изгледа впечатливо, но внимавајте на кројот кој треба да ја следи линијата на телото. Обидете се со модел на сирена, тоа секако ќе остави впечаток.
Пердуви
Модните трендови диктираат суптилност во обид да не бидат близу до традиционалните форми на тешки венчаници, пердувите како детаљ не се нагласени, но на целиот изглед им даваат автентичност и посебна доза ефективност.
Голи раменици и гол грб
Можеби ќе помислите дека нема ништо во моделите без раменици и отворен грб, дека сето тоа е веќе видено, но се лажете. Грбот е целосно отворен, но со тантела, која ја следи линијата на телото.
Долги ракави
Главно, ракавите се со тантела, модел каков што претстави Каролина Херера, кој е идеален за во есен или во зима. Моделите со долги ракави имаат идеален спој на класичен крој и нагласок со тантела, која најчесто се користи при изработка на свадбениот фустан.
Детали
Големите обетки доминираат во светот на накитот, така што тие може да бидат ваш посебен детаљ. Ако, навистина, сакате нешто поинакво, тогаш побарајте фустан со детали во друга боја. Вера Ванг претстави фантастичен модел со вез од темносиви и црни кристали и светки.
Должина до глужд
Невестинскиот фустан треба да биде елегантен и тоа најлесно се постигнува со полна должина до подот, но ако не сте љубител на овие модели, не значи дека мора да ја загубите елегантната нота. Изберете сатен или свила, лелеав фустан во А-крој, ефектен детаљ, како, на пример, голи раменици и еден фантастичен пар сандали за играње.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.