За сите идни невести и двојки кои сакаат нивната свеченост да биде посебна и да претставува исполнување на нивниот сон, Скопје Мериот хотел организира единствен и уникатен настан -„Прва вечер на невестите“ (Bridal Night) во Скопје. Настанот се реализира во соработка со Фешн викенд (Fashion Weekend Skopje) и ќе биде есенското издание на „Брајдл фешн најт“ ( Bridal Fashion Night). Ќе бидат презентирани специјално подготвени колекции на венчаници од модните дизајнери Мила Кадриу и Теута Матоши, SIGMA накит, свадбени детали и совети за конципирање на идеалната свадбена свеченост.
-За своите колекции кои дизајнерите Кадриу и Матоши ги подготвија за оваа презентација на свадбени елементи, велат: „На Marriott Bridal Night ќе биде претставен совршен дизајн за совршена љубовна приказна. Луксузни венчаници, наменети за најблескавиот момент од животот на секоја дама. Инспирацијата за создавање на колекцијата се потенцира, всушност, од самиот наслов „Вечна љубов“; креации создадени со вечен дизајн кои изобилуваат со свежина, гламур и раскош. Вистинско изненадување во оваа колекција е тоа што покрај класичните венчаници обоени во вечната бела боја, тука се и гламурозните креации обоени во неколку романтични тонови, преку кои заедно со мојот тим правиме храбар потег и ја потврдуваме нашата иновативност. Вечен дизајн за вечна љубов! – велат од студиото на Мила Кадриу.
-Брендот Теута Матоши е основан во 2008 година под раководство на главниот дизајнер Теута Матоши Дурики. Со нашата креативност и единствени идеи успеавме да ги задоволиме сите наши клиенти од земјава, но исто така и клиентите што доаѓаат од соседните земји во регионот. Креативност, автентичност и индивидуалност во секој дизајн е она со што допревме до многу наши клиенти во Европа, САД и уште многу други земји во светот. Истата дизајнерска експресија и автентичност ја пренесовме и во екстравагантниот изглед на нашите клиенти на многу свечени настани како и настани на црвениот тепих, изјави Теута Матоши за својата колекција.
„Marriott Bridal Night“ ќе се одржи на 12 октомври 2016 година, со почеток во 20.00 часот во Скопје Мериот Хотел, а заинтересираните парови и идни невести, ќе може да се пријават за присуство на електронската адреса weddings.skopje@marriott.com или да се регистрираат на Facebook фан страницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.