| четврток, 6 декември 2018 |

Герет Бејл со нов договор, останува „крал“ до 2022 година

geret bejl

Реал Мадрид продолжи со трендот на задржување на своите најдобри фудбалери, па така по Тони Крос и Лука Модриќ, денеска беше обелодето продолжувањето на соработката со Герет Бејл. Новиот договор на велшкиот ас ќе истече во јуни 2022 година, со што „кралевите“ се осигура дека Бејл најдобрите години од својата кариера ќе ги мине токму на „Сантијаго Бернабеу“.

– Реал Мадрид и Герет Бејл се договорија за продолжување на ссоработката, со нов договор со важност до 30 јуни 2022 година. Бејл в понеделник во 13.30 часаот ќе се појави на прес-конференција на „Сантијаго Бернабеу“ – се вели во краткото соопштение на „кралскиот клуб“.

Бејл e член на Реал Мадрид од 2013 година по трансферот од Тотенхем, кој до неодамна важеше за најскап во историјата на фудбалот. Со овој нов договор и дефинитивно се става крај на шпекулациите дека Велшанецот би можел да се врати во Премиер-лигата, по се поинтензивниот интерес од раководството на Манчестер јунајтед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top