Англиските клубови веќе извесно време се фалат дека ги имаат најбогатите спонзорски договори, се додека Барселона не стави потпис на својот најнов договор со американската компанија за спортска опрема „Најк“. Шпанските медиуми ги објавија деталите од спонзорскиот договор што ќе биде потпишан во следниот период, со што каталонците стануваат прв клуб што ќе заработува над 100 милиони евра годишно од својот спонзор за спортска опрема.
Поточно, станува збор за сума од неверојатни 155 милиони евра по сезона, што ќе важи од 2018 година, кога истекува актуелниот договор на Барса со „Најк“. Американската компанија е решена да ја победи конкуренцијата во оваа трка, нудејќи сума што останатите брендови за спортска опрема ни одблизу не ја достигнале, по што каталонците решиле да ја продолжат соработката со „Најк“. Новиот договор ќе биде со важност од пет години, период во кој Барселона само од оваа компанија ќе добие огромни 785 милиони евра.
Само за споредба, Манчестер јунајтед досега го имаше најбогатиот спонзорски договор за сума од 85 милиони фунти годишно. Вистинско богатство, кое сепак сега е значително надминато од страна на Барселона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Луѓето масовно ги палат своите „најк“ патики, што мислите за причината?
-
Најголемиот талент во школата на Барса има 15 години и живее како крал (Фото)