| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто викаме кога сме лути?

Еднаш, еден стар мудрец ги затекнал своите ученици кои жестоко се препираат и викаат едни на други. Штом тој се појавил, тие замолчеле а тој го искористил таквиот момент за да ги научи на една многу важна лекција.

Ги прашал:

  • Зошто луѓето викаат кога се лути? Зарем не е можно да се зборува тивко и смирено.

Учениците долго време се обидувале да дадат одговор, но ниту еден од не бил вистинскиот за нивниот учител.

Потоа, тој им објаснил.

  • Кога две личности се караат една со друга, нивните срца се одалечуваат. Затоа и мораат да викаат едни на други, бидејќи со таквиот крик тие се обидуваат да ја премостат далечината. Колку луѓето се полути, толку се погласни бидејќи одалеченоста меѓу нив е поголема.

Потоа, тој ги прашал:

  • Што се случува кога две личности ќе се заљубат? Тие не викаат еден на друг, туку говорат тивко и нежно. Зошто? Нивните срца се многу блиску. Далечината меѓу нив е многу мала. А, што ќе се случи кога тие многу повеќе ќе се заљубат? Не зборуваат. Само шепотат бидејќи многу се зближени во својата љубов. Во најголемата љубов, не им треба ни шепотот. Само се гледаат и тоа е сѐ. Таквите се луѓето кои се сакаат.

На крајот, им објаснил:

  • Кога се расправате, не дозволувајте вашите срца да се одалечат. Не изговарајте зборови кои повеќе би можеле да ги одалечат тие кои ги сакате, бидејќи понекогаш далечината е толку голема, така што понекогаш нема да можете да го најдете патот назад. Не дозволувајте да ги изгубите оние кои ги сакате.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top