| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто викаме кога сме лути, а шепотиме кога сме вљубени?

Еден професор на предавањето ги запрашал своите студенти: „Зошто викаме кога сме бесни? Зошто луѓето се дерат едни на други кога се вознемирени? А зошто шепотиме кога сме вљубени?“

Студентите размислиле. Еден рекол затоа што ја губиме смиреноста. Но професорот повторно прашал, зошто викаме силно кога другото лице стои пред нас? Зар не е возможно да му се зборува со смирен и понизок тон? Зошто се дереме кога сме лути?

Тој им објаснил на своите студенти.

„Кога двајца луѓе се лути еден на друг, постои психолошка дистанца во нивните срца. За да ја надминат таа дистанца, мора да викаат за да се слушнат еден со друг. Колку полути, толку посилно викаат едни на други за да ја надминат таа дистанца.“

А тогаш професорот прашал:

„Што се случува кога двајца ќе се вљубат? Не викаат еден на друг, зборуваат тивко… зошто е тоа така? Затоа што нивните срца се психолошки многу блиску. Дистанцата помеѓу нив е многу мала. Кога уште повеќе ќе се вљубат, што се случува тогаш?

Тие не зборуваат, само шепотат и така стануваат уште поблиски во својата љубов. И на крај, дури и не мора да шепотат, тие само се гледаат и тоа е се.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top