| четврток, 6 декември 2018 |

200 илјади долари за медицинска интервенција во Америка

Турист од Нов Зеланд земал повеќе од 200 000 долари од домашната осигурителна компанија Southern Cross Travel Insurance заради сметки за медицинско лекување во Америка

medical-insurance

Туристот бил на патување во Америка, кога одненадеж му се влошила здравствената состојба и се упатил на лекар. По извршување на потребните медицински испитувања се утврдило дека тој боледува од рак.

За потребните медицински тестирања и за негата која што му била дадена требало да се плати преку 200 илјади американски долари.

Осигурителната компанија му ги исплатила целосно средствата на туристот кога ги приложил сите сметки од лекувањето во Америка.

Оваа сума која што му е исплатена на туристот е една од највисоките во светот.

Доколку патувате и вие во некоја странска земја каде што важат други правила на осигурување, осигурајте се пред да се најдете во непријатна ситуација и со високи медицински сметки.

Ризикот од несакани настани секогаш постои.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top