| четврток, 6 декември 2018 |

Викендов во Скопје – јубилеи, родендени, фестивали

Викендот е пред нас според меторлозите времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северозападен ветер. Доколку се уште не сте испланирале каде ќе го поминeте вашето слободно време, еве неколку интересни настани кој се закажани викендов во Скопје.

30 години од првата полноќна забава во Скопје

zurka skopje metropolis

Првата полноќна забава целосно го смени ноќниот живот во Скопје, зато а и овој јубилеј е многу важен, особено им е важен на оне кои бие млади пред 30 години и кои ја ткаеја таа приказна.

Во 1986 година во октомври се одржа антологиската забава во дискотеката „Огниште“ во тогашниот хотел „Гранд“ (денешен „Холидеј ин“), која го промени целкупниот живот на младите во Скопје и Македонија.Полноќната забава е пресвртница на целокупното угостителство во Македонија. Од тогаш па се до денес сите угостителски објекти работат по 23 часот.

Ќе настапат најдобрите диск џокеи од 70-те,80-те, и 90-те.

Организаторите се надеваат дека можеби така ќе почне срцето на градот да бие посилно и така ќе се врати динамиката. Духот ќе донесе нови насмевки, а насмевките ќе донесат нова енергија на Скопје.

Влезниците и ВИП-пакетите се во продажба во „Југотон“, „Розе Веро 2“ и на www.mktickets.mk. Журката е вечерва во Метрополис арена од 21 часот.

Жељко Самарџиќ во Карпош

426779-zheljko-samardzhikj-kje-gi-zabavuva-karposhani-na-40-ot-rodenden-na-opshtinata

Општина Карпош четириесеттиот роденден ќе го прослави со хитовите на романтичарот Жељко Самарџиќ.

Забавата ќе се одржи вечерва, од 20 часот на плоштадот „Делфина“.

„Вегефест“ на „Анима мунди“ 

14524439_1231655820223987_6753164161011316594_o

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ информира дека в недела од 10 часот почнува петти по ред „Вегефест“  – фестивал кој повикува на хуманост, сочувство, совесност и правичност кон секое живо битие.

„Преку овој фестивал со кој се бориме против експлоатација и дискриминација на животните, со кој промовираме здрави, еколошки прифатливи и морално исправни принципи и начин на живеење“, се наведува во соопштението.

„Вегефест“ ќе се оддржи во Младинскиот културен центар во Скопје, а ќе се одржи под мотото „Свет без насилство е можен, ние може да живееме и поинаку“.

„Свет без насилство е можен, а револуцијата за правата на животните започнува од принципите и животните навики на секој поединец – тоа е основната порака која целиме да ја пренесеме. Со „Вегафест“ се обраќаме на совеста на сите, повикуваме на сочувствителност, хуманост и разум, повикуваме да му дадете шанса на животниот стил без насилство, почнувајќи од својата исхрана. Со овие мали чекори можеме да направиме големи и значајни промени за подобро на сите: животните, луѓето, екосистемот и планетата земја. Нашиот апел до секој еден е да не биде пасивен конзумент и да го бојкотира и осуди насилството врз животните со тоа што ќе и даде шанса на веге исхраната“, соопшти „Анима мунди“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top