| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се дели Курдистан од Ирак- се подготвува ново отцепување

Претседателот на ирачкиот автономен регион Курдистан порача дека штом се ослободи Мосул, Курдите ќе започнат процес за добивање на независност. Автономниот регион Курдистан по ослободувањето од ИД да го отвори прашањето за независност, порача премиерот на областа Нечирван Барзани.

r01_14776556586

-Веќе подолго време тоа прашање е созреано, но сега се концентрираме на борба против Исламска држава- вели Барзани за германскиот весник Билд. Тој наведува дека ирачките Курди планират средба со партнерите во Багдат каде ќе се разговара за независност.

На почетокот на годината претседателот на ирачкиот Курдистан, Масуд Барзани, инаку чичко на премиерот, повика на референдум за курдска држава на северот од Ирак, што предизвика тензии со Багдат, кој се противи на идејата.

Ирачкиот премиер Хајдер Абади го повика Курдистан да се откаже од плановите за одржување на референдум за независност, предупредувајќи дека автономната област на северот нема да може да се одржи без Ирак. Абади нагласи дека Курдистан е дел од Ирак и дека е надева дека така и ќе остане.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top