| четврток, 6 декември 2018 |

Тепачка со ножеви меѓу соселани во Велешко – двајца завршија в болница

noz krv1
Соселани од велешко Булзаково расправиите ги решавале со тепачка, а двајца со расекотини завршиле в болница.
Министерството за внатрешни работи информира дека ноќеска расправијата меѓу четворица жители на велешкото село Булзаково кулминирала со тепачка во која се повредени две лица.
Според полицијата, причина за расправата меѓу 49-годишниот О.Х. и 19-годишниот Р.Х. од една страна и 18-годишниот А.Н. и четири години постариот О.Н. од другата страна била сообраќајот.
Расправијата кулминирала кога едната страна извадила нож и им нанела расекотини на О.Х. и на Р.Х. Двајцата со повреди биле пренесени во Медицинскиот центар во Велес, каде што на постариот му е констатирана расекотина во пределот на вратот, а на помладиот видлива повреда во пределот на левата надлактница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top