| четврток, 6 декември 2018 |

Николиќ: ЕУ ја направи мигрантската рута преку Македонија и Србија

niko

-EУ, а со леснотија можеше да ги одврати мигрантите да поминуваат низ земјите членки Бугарија и Грција- изјави српскиот претседател Томислав Николиќ во интервју за телевизијата „Раша тудеј”, пренесува ТАСС . ­ -Србија сега има доволно ресурси, трпение и разбирање, за да ги прифати сите мигранти кои пристигнуваат во земјата – рече Николиќ.

Тој додаде дека додека границите на ЕУ се отворени, Србија ќе продолжи да се грижи за бегалците, особено за децата, да им обезбедува медицинска помош и да им помага да ја преживеат зимата, да прави се што е можно за да можат да продолжат кон северноевропските земји. Тој, сепак, додаде дека Европската унија не и помага на Србија во решавањето на овие проблеми. Николиќ вели дека Србија не е против отворањето на границите, но ќе биде „чудно”, ако Австрија, Германија и другите земји престанат да примаат мигранти.

-Ние само сакаме ЕУ да не предупредува за плановите за мигрантите, ако постојат такви планови. Ние не бараме помош, само треба да знаеме колку долго и колкав број мигранти планира да прифати ЕУ и кога ќе престане да го прави тоа – прецизира Николиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top