Екипата на Барселона иако има фантомски напад составен од триото Меси-Нејмар-Суарез сепак се чини дека мака мачи во оваа сезона со одбраната. По заминувањето на Дани Алвеш во Јувентус и слабите игри на Видал на десната бековска позиција, челниците на каталонскиот гигант се заинтересирани за услугите на Натаниел Клајн од редовите на Ливерпул.
Каталонците се подготовени да издвојат 25 милиони евра за овој фудбалер кој сакаат да го видат во своите редови уште во јануарскиот преоден рок. Сепак, за ова се прашува и менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп кој неможе да го замисли стартниот состав без англискиот репрезентативец и многу тешко би се одрекол од неговите услуги.
Покрај Клајн тренерот на Барселона Луис Енрике е заинтересиран и за бекот на „старата дама“ Стефан Лихштајнер кој е многу поверојатна опција бидејќи му истекнува договорот со Јувентус на крајот на оваа сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.