Босанскиот напаѓач бил мета на крадци кои провалиле во неговиот дом во Рим завчера вечер, но за среќа не успеале да украдат многу. Рома со помош на двата гола на Џеко му направи пресврт на Сасуоло кој во првото полувреме имаше предност од 1-0, а додека Босанецот го водел нападот на екипата, крадците оперирале во неговиот дом.
Крадците не можеле многу да одземат бидејќи сопругата на Един, Амра Силаџиќ и децата биле дома. Таа ги слушнала ограбувачите и повикала полиција. Тие брзо избегале и успеале да земат само една дизајнерска торба и 500 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.