| четврток, 6 декември 2018 |

Секоја трета девојка мисли дека не е доволно убава

1-12

Се повеќе млади жени се одлучуваат за естетска хирургија и покажуваат недостиг на самодоверба која во голема мера влијае на нивните животи. Како дојде до тоа? Истражувањето спроведено во Велика Британија покажа дека девојките имаат значително помала самодоверба кога се работи за својот физички изглед, посебно во споредба со резултатите до кои дојдоа истражувачите пред пет години.

Имено, 61 отсто од 1.627 девојки испитани во анкетата во 2016 година „Girls Attitudes Survey“ биле задоволни од својот изглед. Меѓу учесничките на ова истражување биле 599 девојчиња на возраст од 7 до 10 години.

Интересно, дури 36 отсто девојчиња велат дека им е наметнатно да мислат дека изгледот е најважен, 38 отсто сметаат дека не се доволно убави, 35 отсто велат дека за жените најчесто се суди врз основ на физичкиот изглед, а 23 отсто испитани чувствуваат дека мора да бидат совршени.

Тоа што е уште поинтересно е колку ваквото мислење и чувства се застапени во случај на девојчињата и девојките на возраст од 11 и 21 година. Така дури 93 отсто испитани сметаат дека светот на жените се оценува според изгледот наместо според способностите, а 80 отсто сметаат дека физичкиот изглед е најважен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top