Дваесет и седум годишната Кеси де Пекол од Вашингтон се надева дека со патувајќи по светот ќе го собори Гинесовиот рекорд, бидејќи досега посетила 196 земји. Таа на патувањето тргнала во јули 2015 година, а сега е при крај на својата епска мисија. Планира уште да ги посети и Тајван, Косово и Палестина.
Оваа патничка досега објавила фотографии од 183 земји, а регистрирала 154 лета во повеќе од 15 месеци. Има уште 45 дена да ја заврши својата патничка авантура.
– Уште како средношколка сакав да ја посетам секоја земја на светот. Сакав да дознаам повеќе за секоја култура и религија – изјави таа.
Се проценува дека досега потрошила 198 илјади долари, а во обидот да го собори светскиот рекрод и помогнале бројни спонзори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.