| четврток, 6 декември 2018 |

Госпоѓо Јанева, СЈО го дискредитиравте вие, а не „Република“

Ненад Мирчевски

Ненад Мирчевски

 

Гос­по­ѓо Ка­ти­ца Ја­не­ва,

Ка­ко гла­вен уред­ник на не­дел­ни­кот „Ре­пуб­ли­ка“ чув­ству­вам по­тре­ба да ви од­го­во­рам на со­оп­ште­ни­е­то во кое го об­ви­ну­ва­те ме­ди­у­мот де­ка „об­ја­вил твр­де­ња со кои се пра­вел обид за ди­скре­ди­та­ци­ја на СЈО“.

На по­че­то­кот са­кам да ви ука­жам ви­на­та за на­ру­шу­ва­ње на авто­ри­те­тот да не ја ба­ра­те во не­дел­ни­кот, ту­ку во ва­ши­от ми­нат труд ка­ко спе­ци­јал­на об­ви­ни­тел­ка и во ва­ши­те со­ра­бот­ни­ци од СЈО, и тоа иск­лу­чи­во по­ра­ди не­про­фе­си­о­нал­но­то и не­об­је­ктив­но­то из­вр­шу­ва­ње на функ­ци­и­те кои ви се до­ве­ре­ни во еден иск­лу­чи­тел­но чув­стви­те­лен пер­и­од за др­жа­ва­та со единс­тве­на цел – рас­чи­сту­ва­ње на кри­за­та, а не во­де­ње хај­ка про­тив ед­на по­ли­тич­ка пар­ти­ја. Тоа ќе ви го образ­ло­жам во про­дол­же­ние пре­ку при­ме­ри.

Од дру­га стра­на, на­ши­от ме­ди­ум не е единс­тве­ни­от што ве­ќе по­долг пер­и­од ви за­бе­ле­жу­ва на тен­ден­ци­оз­но­ста при во­де­ње­то на истра­ги­те. На зло­у­по­тре­би на ин­сти­ту­ци­ја­та со ко­ја ра­ко­во­ди­те ука­жа и евро­ко­ме­са­рот за про­ши­ру­ва­ње Јо­ха­нес Хан при не­го­ва­та пос­лед­на по­се­та, а при­тоа не ви­дов­ме де­ка ис­пра­ти­вте де­мант до не­го­ва­та кан­це­ла­ри­ја или де­ка го об­ви­ни­вте за „обид за ди­скре­ди­та­ци­ја“.

Но, да се вра­ти­ме на ва­ше­то пис­мо и да оди­ме по ред.

Во ва­ша­та ре­ак­ци­ја ги де­ман­ти­ра­те твр­де­ња­та што се од­не­су­ва­ат на на­во­ден план ме­ѓу СЈО и СДСМ, но не и де­лот од тек­стот во про­дол­же­ние на таа ре­че­ни­ца, во кој се ве­ли де­ка „СЈО е со­о­че­но со ви­стин­ски де­бакл во ра­бо­те­ње­то, со број­ни афе­ри и скан­да­ли кои се вр­зу­ва­ат со СЈО и во пог­лед на не­по­тиз­мот, фи­нан­си­ско­то ра­бо­те­ње на ин­сти­ту­ци­ја­та и, нај­важ­но, бру­тал­но­то пре­че­ко­ру­ва­ње на ов­ла­сту­ва­ња­та и кр­ше­ње­то на за­ко­ни­те…“

От­ту­ка ми се на­мет­ну­ва ди­ле­ма­та зо­што во ва­ша­та ре­ак­ци­ја ви би­ло по­важ­но да ги за­шти­ти­те пла­нот и авто­ри­те­тот на СДСМ од уг­ле­дот и про­фе­си­о­нал­но­ста на Спе­ци­јал­но­то јав­но об­ви­ни­телс­тво? Пр­во­то ло­гич­но об­јас­ну­ва­ње ми е де­ка не ги не­ги­ра­те овие твр­де­ња. Вто­ро­то об­јас­ну­ва­ње ми е де­ка со­оп­ште­ни­е­то ви го пи­шу­вал не­кој од СДСМ, кој по­ве­ќе се гри­жел во ре­ак­ци­ја­та да го за­шти­ти нив­ни­от план откол­ку ва­ши­от авто­ри­тет.

Не по­мал­ку за­чу­ду­вач­ки е тоа што во ва­ши­от „де­мант“ во­оп­што не ги де­ман­ти­ра­те об­ја­ве­ни­те пре­ди­страж­ни по­стап­ки, ту­ку, на­про­тив, ве­ли­те де­ка со тоа што сме ги об­ја­ви­ле мо­же да се на­не­сат штет­ни пос­ле­ди­ци во по­стап­ки­те:

„По­јас­ну­ва­ме де­ка во тек­стот на не­дел­ни­кот Ре­пуб­ли­ка беа об­ја­ве­ни по­да­то­ци за на­вод­но ра­бо­те­ње на ова Јав­но об­ви­ни­телс­тво во по­ве­ќе пре­ди­страж­ни по­стап­ки. Ва­кви­те на­во­ди ние не сме во мож­ност ни­ту да ги по­твр­ди­ме, ни­ту да ги де­ман­ти­ра­ме. Ука­жу­ва­ме де­ка пре­ди­страж­ни­те по­стап­ки се тај­ни и она што е пред­мет на пре­ди­страж­на по­стап­ка тре­ба да им би­де единс­тве­но поз­на­то на по­ли­ци­ја­та и об­ви­ни­телс­тво­то.

Спо­ред тоа, од­го­вор­но­ста е на стра­на­та на си­те оние кои не­ов­ла­сте­но да­ва­ат по­да­то­ци за пре­ди­страж­ни по­стап­ки, осо­бе­но што об­ја­ву­ва­ње­то на по­да­то­ци за пре­ди­страж­ни по­стап­ки мо­же да на­не­се штет­ни пос­ле­ди­ци ка­ко од ас­пект на уни­шту­ва­ње на до­ка­зи и до­ку­мен­та­ци­ја, та­ка и од ас­пект на ри­зик по без­бед­но­ста на ин­вол­ви­ра­ни­те ли­ца во по­стап­ки­те.“

Гос­по­ѓа Ја­не­ва, од ка­де на­ед­наш тол­ка­ва воз­не­ми­ре­ност кај вас за на­ру­ше­на­та тај­ност на пред­ме­ти­те? Да­ли до­се­га се за­гри­жи­вте за без­бед­но­ста на ин­вол­ви­ра­ни­те во по­стап­ки­те и за ште­ти­те по пред­ме­ти­те ко­га опо­зи­ци­ски­те ме­ди­у­ми и чле­но­ви на СДСМ ви ги нај­а­ву­ва­ат слу­ча­и­те не­кол­ку де­на, па и не­де­ли, пред офи­ци­јал­но да ги со­оп­шти­те?

Во овој кон­текст би са­кал да ви на­ве­дам са­мо не­кол­ку при­ме­ри:

 

kol217-9-muzej1_1

На 12 октом­ври Пе­тре Ши­ле­гов се за­ка­ни де­ка СДСМ ќе го ос­ло­бо­дел „пар­ти­ски­от му­зеј“, а на 18 октом­ври опо­зи­ци­ски­те ме­ди­у­ми, по­ви­ку­вај­ќи се на нив­ни „не­о­фи­ци­јал­ни ин­фор­ма­ции“, нај­а­ви­ја де­ка две­те но­ви истра­ги на СЈО ќе се од­не­су­ва­ат на „Сон­чев град“ и на из­град­ба­та на „Му­зе­јот на ВМРО“ (кој па­тем, за ва­ша ин­фор­ма­ци­ја, се ви­ка „Му­зеј на ма­ке­дон­ска­та бор­ба“). Опо­зи­ци­ски­те ме­ди­у­ми ду­ри се по­фа­ли­ја де­ка и ими­ња­та на овие пред­ме­ти ќе поч­ну­ва­ле на бу­ква­та Т“. Вие во­оп­што не се по­жа­ли­вте на на­ру­шу­ва­ње на тај­но­ста на по­стап­ка­та, ни­ту на за­гро­зу­ва­ње не­чи­ја без­бед­ност. На­про­тив, два де­на по­доц­на, пред праз­ни­кот 23 Октом­ври – Де­нот на ма­ке­дон­ска­та ре­во­лу­ци­о­нер­на бор­ба, ва­ши­те по­мош­нич­ки офи­ци­јал­но ги по­твр­ди­ја ин­фор­ма­ци­и­те.

 

kol217-8-zernovski_sjo2

kol217-6-zernovski_sjo1

На 16 август го­ди­на­ва, гра­до­на­чал­ни­кот на оп­шти­на Цен­тар, Ан­дреј Жер­нов­ски, им со­оп­шти на ме­ди­у­ми­те де­ка ќе би­де по­ви­кан ка­ко све­док во слу­ча­јот за ин­ци­ден­ти­те во Оп­шти­на­та од ју­ни 2013 го­ди­на. Ва­ков слу­чај нај­а­ву­ваа опо­зи­ци­ски­те ме­ди­у­ми уште од 14 август, а вие офи­ци­јал­но го пре­зен­ти­ра­вте по по­ве­ќе од еден ме­сец, по­точ­но на 15 сеп­тем­ври. Очиг­лед­но за це­ли­от тој пер­и­од во­оп­што не ви пре­че­ше на­ру­шу­ва­ње­то на тај­но­ста и во овој слу­чај.

kol217-7-zernovski_sjo3

 

kol217-5-slucaj_kosmos1

На 21 април го­ди­на­ва нај­а­ви­вте отво­ра­ње истра­га за слу­ча­јот „Кос­мос“. Но, за­чу­ду­вач­ки бе­ше тоа што де­та­ли­те за слу­ча­јот прв ги обзнани ко­ор­ди­на­то­рот на со­вет­нич­ка­та гру­па на СДСМ во Оп­шти­на Га­зи Ба­ба непосредно пред ва­ша­та прес-кон­фе­рен­ци­ја. Тој ду­ри го иско­ри­сти на­ста­нот јав­но да се за­ка­ни на „ин­вол­ви­ра­но ли­це“ во слу­ча­јот. Отво­ра­ње­то истра­га за „Кос­мос“ кон­ти­ну­и­ра­но бе­ше нај­а­ву­ва­но ре­чи­си два ме­се­ци по­ра­но, уште од март, пре­ку опо­зи­ци­ски­те ме­ди­у­ми кои нај­а­ву­вај­ќи ја „аген­да­та на Ја­не­ва“ зна­е­ја де­ка ќе ба­ра­те и при­твор! Очиг­лед­но и ту­ка не се по­тре­со­вте ни­ту за тај­но­ста на по­стап­ка­та, ни­ту за ште­ти­те на ин­вол­ви­ра­ни­те, ни­ту за нив­на­та без­бед­ност би­деј­ќи не ви­дов­ме ни­ту ед­на ва­ша ре­ак­ци­ја до ме­ди­у­ми­те. На­про­тив, во си­те овие слу­чаи оста­ва­вте впе­ча­ток во јав­но­ста де­ка сте со­вр­ше­но син­хро­ни­зи­ра­ни со опо­зи­ци­ја­та и со ме­ди­у­ми­те под неј­зи­на кон­тро­ла.

kol217-4-kosmos_2

Пра­кти­ка­та со нај­а­ву­ва­ње и со на­ра­чу­ва­ње, а по­тоа и со ва­ше ис­по­ра­чу­ва­ње слу­чаи, трае од са­ми­от по­че­ток на ва­ша­та ра­бо­та. Та­ка бе­ше и на 4 фе­вру­а­ри ко­га Зо­ран За­ев јав­но побара од вас да ис­по­ра­ча­те ре­зул­та­ти, а неколку дена подоцна, на 12 февруари, вие на прес-кон­фе­рен­ци­ја го нај­а­ви­вте пр­ви­от слу­чај „Ти­та­ник“.

Ва­кви при­ме­ри има уште мно­гу, гос­по­ѓо Ја­не­ва, но ќе ви ги пре­зен­ти­рам во не­ко­ја дру­га при­го­да. Тоа што са­кам да ви го ука­жам се­га е де­ка за­гу­бе­ни­от авто­ри­тет на СЈО и огром­на­та не­до­вер­ба во не­го­ва­та ра­бо­та кај гра­ѓа­ни­те е ток­му по­ра­ди ва­ша­та не­про­фе­си­о­нал­ност, а не по­ра­ди „Ре­пуб­ли­ка“. Во си­те до­се­гаш­ни слу­чаи по­ка­жа­вте де­ка ва­ша­та гри­жа за тај­но­ста на по­стап­ки­те е не­и­скре­на, па от­ту­ка и од­го­вор­но­ста за штет­ни­те пос­ле­ди­ци е ва­ша и на ни­кој друг. Во вр­ска со си­те прет­ход­но на­ве­де­ни при­ме­ри, исто та­ка, са­кам да ви наг­ла­сам уште еден мо­мент, кој, мо­же­би, не сте го за­бе­ле­жа­ле – ни­ту еден од тек­сто­ви­те на опо­зи­ци­ски­те ме­ди­у­ми во кои беа нај­а­ву­ва­ни ва­ши­те актив­но­сти и во кои беа об­ја­ву­ва­ни де­та­ли од истра­ги­те не бе­ше пот­пи­шан од авто­ри­те.

kol217-3-katica_titanik

Гос­по­ѓа Ја­не­ва, со ва­ше­то пис­мо до­ка­жа­вте са­мо де­ка вни­ма­тел­но ја чи­та­те „Ре­пуб­ли­ка“, осо­бе­но тек­сто­ви­те што се по­вр­за­ни со ва­ше­то ра­бо­те­ње. От­ту­ка ме из­не­на­ду­ва фа­ктот што до­се­га не по­чув­ству­ва­вте по­тре­ба да од­го­во­ри­те на де­се­ти­ци­те пра­ша­ња кои јав­но ви ги по­ста­ву­вам уште од са­ми­от по­че­ток на ва­ше­то ра­бо­те­ње. Се на­де­вам де­ка не­ма да ме об­ви­ни­те за пси­хич­ко воз­не­ми­ру­ва­ње ако уште ед­наш ви ги по­вто­рам исти­те и при­тоа до­да­дам не­кои но­ви:

kol217-2-verusevski

Са­кај­ќи да ме убе­ди­те во ва­ша­та об­је­ктив­ност и струч­ност, гос­по­ѓа Ја­не­ва, ве за­мо­лу­вам да ми од­го­во­ри­те ко­га ќе по­ба­ра­те од Зо­ран За­ев да ви ги пре­да­де пре­о­ста­на­ти­те 500.000 раз­го­во­ри кои са­ми­от твр­де­ше де­ка ги по­се­ду­ва? Мо­же­те ли без из­вр­шен пре­трес да га­ран­ти­ра­те де­ка За­ев кај се­бе не чу­ва ко­пии од раз­го­во­ри­те што ви ги пре­да­де? Сте го пра­ша­ле ли ко­му сѐ му по­де­лил ко­пии (освен на Ча­у­шот)? Кој ќе од­го­ва­ра за не­за­кон­ско­то об­ја­ву­ва­ње сним­ки до ден-де­нес – вие или Зо­ран За­ев? Зо­што ни­ту ед­наш до­се­га не ги по­твр­ди­вте или де­ман­ти­ра­вте шпе­ку­ла­ци­и­те на За­ев де­ка се прис­лу­шу­ва­ни 20.000 гра­ѓа­ни? Ко­га пла­ни­ра­те да ги ин­фор­ми­ра­те прис­лу­шу­ва­ни­те гра­ѓа­ни де­ка би­ла за­гро­зе­на нив­на­та при­ват­ност? Кол­ку до­бро бе­вте за­поз­на­е­ни со слу­ча­јот „Пуч“ ко­га се сог­ла­си­вте со пу­шта­ње од при­твор на Ве­ру­шев­ски? (Да ви по­мог­нам за ова пра­ша­ње: четири дена претходно ба­ра­вте од­ло­жу­ва­ње на ро­чи­ште­то „за да ги разгледате сите докази од предметот“.)

kol217-1-sjo-odlozuvanje-puc

Во вр­ска со пре­че­ко­ру­ва­ње­то на ов­ла­сту­ва­ња­та и кр­ше­ње­то на за­ко­ни­те, об­јас­не­те ми, да­ли ли­шу­ва­ње од сло­бо­да во вре­ме­тра­е­ње од еден и пол час е за­кон­ски или не? Спо­ред кои стан­дар­ди и за­ко­ни вие да­ва­те на­ред­ба на ваш истра­жи­тел да сле­ди и сни­ма ли­це осом­ни­че­но во ваш пред­мет? Зо­што ви бе­ше по­треб­на аси­стен­ци­ја од во­о­ру­же­ни „ал­фи“? Зо­што ба­ра­вте суд­ски на­лог за при­стап до прис­лу­шу­ва­ни раз­го­во­ри во УБК за кои не­ма­те над­леж­ност? Ко­га ќе ка­же­те кол­ку пла­та зе­ма­те? Кој сѐ е на ва­ши­от пла­тен спи­сок? Ко­га ќе ка­же­те ка­ко сте ги по­тро­ши­ле на­род­ни­те па­ри? Што е за вас не­по­ти­зам? Од ко­го ба­ра­вте ур­ген­ции да ве пу­шти низ ка­пи­ја во МВР? (Вни­ма­вај­те, два­е­сет ми­ну­ти прет­ход­но ре­ко­вте де­ка не­ма­те ни­ту еден број на по­ли­ти­чар во мо­бил­ни­от!)

Гос­по­ѓо Ја­не­ва, со на­ме­ра заедно да ги отфр­ли­ме си­те оби­ди за ди­скре­ди­та­ци­ја на ва­ша­та струч­ност и об­је­ктив­ност, но и да да­де­ме при­до­нес во за­шти­та­та на авто­ри­те­тот и уг­ле­дот на ин­сти­ту­ци­ја­та, јав­но ве ка­нам да го­сту­ва­те на ин­терв­ју на кое ка­ко ваш до­бар до­ма­ќин ви ве­ту­вам де­ка не­ма да ви вр­шам мо­бинг, а исто­вре­ме­но се об­вр­зу­вам де­ка ќе ги при­ме­нам и но­ви­те про­фе­си­о­нал­ни стан­дар­ди кои ги на­мет­на МТВ и дека ќе ви доз­во­лам да ги чи­та­те од­го­во­ри­те.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top