| четврток, 6 декември 2018 |

Земјотрес од 5,9 степени регистриран во Чиле

Земјотрес со интензитет од 5,9 степени по Рихтеровата скала беше регистриран вчера во близина на брегот на Чиле, пренесе агенција ТАСС, повикувајќи се на геофизичкиот институт на САД.

Епицентарот на потресот бил на длабочина од околу 15 километри во Тихиот Океан и истиот е локализиран на 88 километри западно од градот Сан Антонио.

Нема податоци за настрадани или за причинета штета. Не беше прогласена ни опасност од цунами.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top