Гостиварци денеска имаа можност да се запознаат со тековните и идните проекти на ВМРО-ДПМНЕ како и да дадат свои предлози и идеи за прашања кои се од нивен интерес. Во рамки на средбите со граѓани кои ги остваруваат функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Ристовски денес оствари средби со жителите на Гостивар.
– Во изминатиот период во редовните и чести средби кои што ги имавме со граѓаните од сите градови, вклучително и од Гостивар, беа разгледувани голем број на процеси и проекти кои што беа од локално значење на секоја општина поединечно вклучително и за Гостивар, ние како Влада реализиравме голем број на проекти и останаа и голем број на проекти кои што треба да се реализираат во следниот период, а кои што се за потребите за граѓаните од општина Гостивар. Јас сум повеќе од сигурен дека она што значат инвестиции и реални проекти се основната желба на секој граѓанин во Република Македонија, реализација на истите, а ВМРО ДПМНЕ во изминатиот период покажа и докажа во многу наврати, на многу места и со голем број на проекти дека е политичка партија која што држи до дадениот збор, политичка партија која што кога ќе понуди извесни проекти или програма, целокупното свое залагање на еден начин го фокусира да бидат успешно реализирани сите овие проекти, рече Ристовски.
Додаде дека очекува на 11 декември граѓаните на Република Македонија масовно да излезат, да стават крај на оваа деструкција која што беше креирана од СДСМ и да се продолжи со една масовна поддршка за ВМРО ДПМ.
– Со тоа се дава поддршка во развојот на Република Македонија и градењето на Република Македонија во секој град во секое село, онака како што најмногу им треба на граѓаните, а ВМРО ДПМНЕ ја има најголемата обврска тоа да го реализира на тој начин, изјави Спиро Ристовски од ВМРО ДПМНЕ, заклучи Ристовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.