„Викторијас сикрет“ го претстави овогодишниот најубав и најскап градник, кој на 5 декември во Париз ќе го носи манекенката Џезмин Токс. Имено, тој чини три милиони долари, а за неговата изработка биле потребни 700 часа. Тежи дури 40 карати. Составен е од дијаманти, смарагди и 18-каратно злато, а е направен според мерките на манекенката која ќе парадира во него на денот на ревијата на оваа модна куќа. Џезмин е родена во Калифорнија и е дел од „викторијас сикрет“ веќе неколку години, а е трета афроамериканка која ќе го носи најскапиот градник на ова шоу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.