Субвенциите во авиосообраќајот ја отворија Македонија кон многу европски дестинации. Се очекува влез и на нови авиокомпании со понуда на атрактивни дестинации. Евтините авиолетови се од големо значење и за домашната економија и за македонските граѓани.
-Политиките што ги спроведуваме во авиосообраќајот покажаа големи резултати и ние како Влада сме многу задоволни од тоа. Статистиките покажуваат трикратно зголемување на бројот на патници и тоа не поттикнува и во наредниот период да работиме на обезбедување на нови дестинации. Успеавме Скопје и Охрид да ги ставиме на мапите на светските авиопревозници и очекуваме дека и во наредниот период на македонскиот пазар ќе влезат нови авиокомпании што ќе понудат атрактивни дестинации. Само да потсетам дека во 2006 година имавме само 15 дестинации, а сега имаме вкупно 35 линии од кои на 24 линии се нудат евтини цени за авиобилетите – истакна министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски во интервју за Утрински.
Со евтините авиолетови се овозможува поголем број на странски туристи да доаѓаат во Република Македонија. На тој начин се обезбедува девизен прилив пред се во домашната економија, во областа на туризмот но и во околу 20-на други стопански гранки кои што се во директна или индиректна корелација со туризмот.
Евтините авиолетови обезбедуваат поголеми можности и поголема мобилност за македонските граѓани да патуваат низ Европа по поевтини цени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мисајловски: Молчењето околу измените на Уставот е една очајна политика на власта за манипулирање на граѓаните
-
Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ има нова енергија, нова надеж и нова понуда
-
Мисајловски: СДСМ набрзо ќе бидат сменети од власт како најслаба и најнеспособна влада во историјата на Македонија
-
Поделено ВМРО значи поделена Македонија