Вчера во 13.40 часот градоначалникот на општина Штип Илчо Захариев во полиција пријавил кривично дело загрозување на сигурноста извршено од страна на К.П.(59) од Штип.
Истиот ден околу 13.30 часот во кабинетот на градоначалникот на општина Штип дошла вработената А.Д., која му кажала дека од нејзината службена просторија без нејзино одобрение биле земени документи од страна на лицето К.П. Веднаш било побарано од обезбедувањето да го отстранат К.П. од Општината.
За кратко време вокабинетот на градоначалникот ненајавено и без одобрение влегол К.П. и упатил сериозни закани по животот и телото на градоначалникот.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.