| четврток, 6 декември 2018 |

Полициска акција во Истанбул против приврзаници на ИСИС

Полицијата во Истанбул изутринава спроведува операција против осомничени поддржувачи на групацијата Исламска држава, јави турската телевизија НТВ.

Екипи за борба против тероризмот на истанбулската полиција извршуваат претреси во голем број домови во квартовите Фатих, Башакшехир, Пендик и Картал.

Досега се приведени повеќе поддржувачи на џихадистичката групација, а меѓу нив има и странски државјани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top