Торино загуби со 2-1 од Интер на синоќешниот меч кој се одигра на „Џузепе Меаца“, но голема енигма се до прес-конференцијата која ја одржа Синиша Михајловиќ беше потегот кој го изведе Адем Љајиќ, фудбалер кој на неколку минути пред финишот на мечот оттрча во соблекувалната и го остави тимот на цедило.
Италијанските новинари беа заинтригирани да дознаат што точно се случи со српскиот фудбалер, а Миха сосема искрено и во хумористичен стил детално објасни за што станува збор.
– Љајиќ имаше проблеми со стомакот, едноставно мораше веднаш да отиде во тоалет. Тој оттрча кон соблекувалната пред крајот на мечот, бидејќи во спротивно, ќе го направеше „тоа“ на теренот и ќе направеше голема беља. Тоа сигурно немаше да биде добро шоу за сите и сигурно дополнително ќе ја влошеше сликата која ние ја оставивме на теренот, која беше еднаква на она што Љајиќ го правеше во тоалетот, – сликовито објаснил Миха на прес-конференцијата и експресно стана вистински хит во Италија со својата изјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.