Јан Гилан, еден од највпечатливите светски вокали на сите времиња, кој на 5. ноември ќе има концерт во „ВИП Арена“ во Скопје, првпат во кариерата ќе настапи на иста сцена со својата ќерка, соопшти организаторот „Авалон продукција“.
Гилан ќе настапи со најголемите хитови на култните „Дип Парпл“. Харизматичниот фронтмен на 5-ти ноември ќе биде придружуван од бендот на Don Airey и Македонската Филхармонија, а под диригентската палка на Маестро Ситвен Бентлеј Клејн.
Посебно интересен е фактот што на концертот на Гилан во Скопје како предгрупа ќе настапи бендот Papa Le Gal, кој го предводи неговата ќерка Грејс Гилан.
Инаку Papa Le Gal е официјален бенд кој го придружува Јан Гилан на годинашната турнеја, во која опфатени се настапи во повеќе европски земји.
Papa Le Gal е релативно нов бенд на музичката сцена, кој според критичарите е бенд што има светла иднина. Нивниот стил претставува своевидна фузија од повеќе музички жанрови, како фанк, афробит, латино и реге.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.