Социјалната служба на Лос Анџелес сега „се занимава“ со случајот Анџелина Џоли, пренесуваат дел од медиумите во САД.
Разводот на Бред Пит и Анџелина Џоли, најпопуларната брачна двојка во Холивуд, извесно време ја окупира јавноста. По информациите дека ФБИ го набљудува однесувањето на Бред Пит, сега во јавноста се појавија и информации дека Одделот за деца и семејство на округот Лос Анџелес соопштил дека започнал истрага против оскаровката Анџелина Џоли.
Инцидентот во кој наводно Бред го удрил најстариот син 15-годишниот Мадокс, веќе не е во фокусот на истрагата, сега службата спроведува истрага за однесувањето на Анџелина.
„Во фокусот на истрагата се и многу други инциоденти кои се одиграле пред децата, односно жестоките расправии на родителите пред очите на малолетните деца. Службата ќе разгледа дали постојат основни сомневања за подигање на некој процес против актерката“, рекол анонимниот извор за порталот ТМЗ.
Но, медиумите засега се без конкретни информации дали службите стигнале до нови сознанија за скандалите во семејството Пит – Џоли, поради кои интересот на истражните органи се префрлил од актерот на актерката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.