| четврток, 6 декември 2018 |

Мајкл Џексон ја силуваше мојата малечка (фото)

Контроверзите околу Мајкл Џексон не стивнуваат. Една жена се јави со обвинувањата дека пејачот сексуално ја злоставувал и и’ платил 900.000 долари на никого да не му каже. Дополнителен проблем во целата приказна е што тоа се случило пред 30 години кога жената имала 12 години.

Имено, Мајкл наводно почнал да ја злоставува во 1986 година кога првпат ја посетила неговата вила со мајка си. Како докази, жената приложила неколку лигави писма и љубовни песни кои Мајкл редовно и’ ги испраќал.

xekson

-Многу те сакам, а колку повеќе разговарам со тебе, мојата љубов е се’ посилна. Сосема сум луд по тебе, стои во едно од писмата потпишани со М.Џ.

Анонимната жена дури поднела и тужба против покојниот крал на попот.

Наводната жртва со тужбата приложила и цела низа чекови и потврди од банка кои наводно ви требало да докажат дека Џексон го плаќал нејзиното молчење. Денес, оваа 42-годишна жена тврди дека Џексон еднаш ја однел во својата посебна соба, каде што ја допирал по гениталиите и ја бакнал во уста.

03-majkl-dzekson-13f-pisma-4

Интересно е тоа што таа е прва женска личност што го обвинува Џексон за злоставување. Но тука постои и една финта…

-Мојата клиентка во средина на 80-тите личела на момче. Мислам дека во почеток тој мислел дека му се додворува на момче, изјави нејзиниот адвокат за ЕЈ-БИ-СИ Њуз.

04-majkl-dzekson-13f-pisma-4

Адвокатот што го застапува семејството Џексон соопшти дека ова е лош обид на анонимци да дојдат до „добивка на лотарија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top