Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров и голамнот Борко Ристовски осовија уште еден трофеј со Барселона. Каталонците го совладаа Гранољерс со 30:25 (14:14) во финалето на каталонскиот Суперкуп и ја освоија третата титула во низа на ова натпреварување.
За Ристовски и Лазаров ова е втор трофеј во дресот на каталонскиот гигант откако претходно ја освоија титулата во Асобал Суперкупот.
Набрзо по доделување на медалите репрезентативниот голман се пофали на социјалните мрежи со својот втор трофеј освоен како дел од Барселона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.