| четврток, 6 декември 2018 |

Заради љубовта, ја смени верата – Џенет Џексон облече хиџаб

gekson

Пејачката Џенет Џексон (51), сестра на починатиот крал на поп-музиката Мајкл Џексон, почна да се појавува во јавноста откако ја објави веста за бременоста, а она што на сите им паднало во очи е нејзиниот моден избор.

Имено, Џенет е фотографирана додека со сопругот, катарскиот милијардер Висам ал Мана, ги разгледувала излозите на продавниците за детска опрема, облечена во црно од глава до петици, додека на главата носела хиџаб (традицонален дел од женската муслиманска облека), преку кој облекла нешто налик на наметка со качулка.

gekson2

Најновите фотографии на поп-пејачката предизвикаа бурна реакција во јавноста бидејќи папараците ја фотографираа во хиџаб.
Светските медиуми шпекулираат дека Џенет преминалa во ислам откако се омажи за 41-годишниот Висам во 2012 година.
И покрај шпекулациите и натписите на светските медиуми, на фотографиите се гледа дека двојката е среќна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top