| четврток, 6 декември 2018 |

Филозофскиот факултет и музеи од Маедонија потпишаа Меморандум за соработка со колеги од Босна и Херцеговина

Филозофскиот факултет­ Скопје, Археолошкиот музеј на Македонија, Музејот на Македонија, Музеј на Град Скопје денеска потпишаа Меморандум за соработка со Земаљски музеј на Босна и Херцеговина од Сараево. Потписници се деканот на Филозофскиот факултет Горан Ајдински и директорите на четирите музеи: Весела Честоева, Мирјана Нинчовска, Томислав Микулчиќ и Марица Филиповиќ. ­

-Меморандумот е потпишан за да се овозможи ефикасна и координирана соработка меѓу наведените институции, втемелена на платформа на заемна доверба и разбирање која ќе опфаќа низа активности кои се од интерес и полза за сите страни од областа на археологијата, историја на уметности за научно­-истражувачка дејност, изложбени активности, издаваштвото, набавка на публикации, соработка при организација на настани и практична настава за студентите на Филозофскиот факултет, соопшти Филозофскиот факултет каде што денеска е потпишан меморандумот.

Иницијатор за потпишување на меморандумот е вршителот на должност во Амбасадата на Република Македонија во Сараево, Александар Крстевски и Институтот за историја на уметност и археологија при Филозофскиот факултет. На потпишувањето на Меморандумот присуствуваше и амбасадорката на Босна и Херцеговина во Македонија, Лепа Бабиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top