| четврток, 6 декември 2018 |

Нови пет случаи на заболени од свински грип

Нови пет случаи се заболени од свински грип од типот А (H1N1), соопштуваат од Министерството за здравство.  На Инфективната клиника во Скопје викендов се хоспитализирани тројца нови пациенти кои се во добра општа состојба.  Другите два случаи се од Куманово, од кои едниот пациент се лекувал амбулантски, а вториот бил задржан на болничко лекување и во моментов е во добра општа состојба.
Моментално на Инфективна клиника има 11 хоспитализирани пациенти со грип, од кои двајца се на одделението за интензивно лекување, при што еден 38-годишен пациент е во посериозна здравствена состојба. Останатите хоспитализирани се од сите возрасни групи, најголем дел од нив се со претходни хронични заболувања.

На Детска клиника во мометов е хоспитализирано едно дете, кое е во добра општа здравствена состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top