| четврток, 6 декември 2018 |

Прилепчанката Катерина, која премина во ислам, им роди син на сите муслимани

katerina zaovaМакедонката Катерина Заова, која премина во ислам и која пред една година се омажи за Босанецот Јасмин Фетаковиќ, се породи, објавија албанските медиуми, а пренесе Телеграф.

Сопругот Јасмин во изјава за „Алмакос“ рекол дека и двајцата се пресреќни што им се родил млад наследник.

– Ова дете нормално им припаѓа на сите муслимани и почитувајќи ги принципите на исламот, му го дадовме името Един – рекол Јасмин.

Среќните родители споделија фотографии од бебето на Фејсбук.

Катерина Заова од Прилеп стана позната во јавноста откако на социјалните мрежи објави дека од христијанство преминува во ислам.

Според напишаното, Катерина примила ислам во џамијата во Битола, а планира да го смени и името.

katerina zaova

Според тоа што тогаш го напиша, таа примила ислам во џамијата во Битола, а планирала да го смени и името.

„Заминав дома и се прашував како ќе реагираат моите. Кога ме видоа со хиџаб, многу беа изненадени и налутени, бев смирена, плачев пред нив, многу плачев, се задушував во моментот и не можев да кажам ништо, ниту еден збор. Со неговата (Алаховата) помош го направив тоа што го сакав. Чувствував дека намазот не ми беше доволен за да ја искажам мојата покорност кон Алах. Оттогаш носам хиџаб, се покрив“, напиша прилепчанката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top