19 годишната студентка Катрин Оконор од универзитетот Карнеги Мелон во Питсбург, САД имаше оригинална маска на годишената уметничка парада што се одржа на 18 април во универзитетскиот кампус.
Младата девојка решила да направи пародија па така полугола, со имитација на папска шапка и со пострижено меѓуножје во облик на крст делела кондоми на колегите.
Властите и професорите цел месец се мислеле како да ја казнат девојката без да и го нарушат демократското право за уметничко изразување и на крајот решиле да поднесат кривична пријава за разголување во јавност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



