| четврток, 6 декември 2018 |

Почина пешакот кој пред неколку дена бил прегазен од „југо“

Вчера во 15.27 часот, СИКС на МВР е известен дека починало лицето Р.В. (76) од Кавадарци, кое на 6 октомври во Кавадарци, во сообраќајна незгода, беше удрен од „југо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.А. (42) од Кавадарци.

По незгодата пешакот Р.В бил пренесен во ЈЗУ Кавадарци, од каде бил префрлен во Клинички центар Битола. По оперативните зафати истиот бил пренесен да престојува во Дом за стари лица „Киро Крстески Платник“- Прилеп, каде на 23 октомври  во 14.00 часот починал.

По наредба на Јавен обвинител вчера во Општа болница-Прилеп, над телото на починатиот била извршена обдукција, по што телото било предадено на семејството за погреб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top