| четврток, 6 декември 2018 |

Се­ко­ја же­на по­ста­ра од 20 го­ди­ни тре­ба да пра­ви са­мо­прег­лед на дој­ки­те ед­наш ме­се­чно

Со са­мо­прег­лед се за­бе­ле­жу­ва­ат про­ме­ни­те на дој­ка­та, ка­ко твр­ди­на, цр­ве­ни­ло, оток, се­крет од дој­ка и вов­ле­ку­ва­ње на дел од ко­жа­та или пуп­ка­та

Ра­кот на дој­ка е нај­че­сто ма­лиг­но за­бо­лу­ва­ње кај же­на­та, но со ра­но откри­ва­ње се­ко­ја тре­та же­на ќе пре­жи­вее. Во Ма­ке­до­ни­ја се­ко­ја го­ди­на се откри­ва­ат но­ви 750 слу­чаи. За жал, кај не­кои же­ни мо­же да се ја­ви по­втор­но кар­ци­ном на дој­ка, или на иста­та или на дру­га­та дој­ка, или да се ја­ват ме­та­ста­зи, од­нос­но ра­кот да се про­ши­ри. Тоа мо­же да се слу­чи по не­кол­ку ме­се­ци, по не­кол­ку го­ди­ни, и тоа кај око­лу 30 от­сто од же­ни­те со ин­ва­зи­вен кар­ци­ном на дој­ка. Де­нес во све­тот еден од нај­го­ле­ми­те пре­диз­ви­ци во бор­ба­та про­тив ра­кот е да се открие ко­га и зо­што се ја­ву­ва­ат ме­та­ста­зи или по­вто­рен кар­ци­ном кај не­кои же­ни, ве­ли д-р Свет­ла­на Те­мел­ков­ска, спе­ци­ја­лист ра­ди­о­лог при Уни­вер­зи­тет­ска­та кли­ни­ка за ра­ди­о­те­ра­пи­ја и он­ко­ло­ги­ја во Скоп­је.

Про­гра­ма­та за ске­ни­ра­ње на дој­ка­та функ­ци­о­ни­ра по­ве­ќе од ед­на го­ди­на. Што оче­ку­ва­те од неа?

ТЕ­МЕЛ­КОВ­СКА: Про­гра­ма­та за ске­ни­ра­ње, од­нос­но на­ци­о­нал­на­та про­гра­ма за ра­на де­тек­ци­ја на рак на дој­ка, се из­ве­ду­ва од април 2015 го­ди­на во си­те здрав­стве­ни уста­но­ви ка­де што има ма­мо­мат. Ил­јад­ни­ци же­ни се прег­ле­да­ни и не­кол­ку се ве­ќе опе­ри­ра­ни на Кли­ни­ка­та за то­ра­кал­на хи­рур­ги­ја. Тер­ми­ни­те за след­ни­те ме­се­ци ве­ќе се пол­ни, што зна­чи де­ка же­ни­те се ја­ву­ва­ат за ма­мо­граф­ски прег­лед. Мно­гу сум за­до­вол­на што оди­ме на­пред на се­кој на­чин, што е зго­ле­мен број на же­ни што учес­тву­ва­ат во про­гра­ма­та, на­ба­ве­ни се но­ви ма­мо­ма­ти во јав­ни­те здрав­стве­ни уста­но­ви и пла­ни­ра­на е еду­ка­ци­ја на ме­ди­цин­ски­от пер­со­нал ин­вол­ви­ран во ске­ни­ра­ње­то. Оче­ку­вам мно­гу, оче­ку­вам де­ка во след­ни­те пет го­ди­ни мо­же да ка­же­ме де­ка ра­бо­ти­ме во сог­лас­ност со свет­ски­те стан­дар­ди. Оче­ку­вам мла­ди­те ко­ле­ги да се вклу­чат во про­гра­ма­та на се­кој на­чин за да мо­жат да ра­бо­тат ске­ни­ра­ње, оче­ку­вам да про­дол­жи под­др­шка­та од Ми­ни­стерс­тво­то за здрав­ство и од јав­ни­те здрав­стве­ни уста­но­ви би­деј­ќи ре­ал­но­ст е де­ка ра­кот на дој­ка е нај­че­сто ма­лиг­но за­бо­лу­ва­ње кај же­на­та, де­ка со ра­на де­тек­ци­ја се­ко­ја тре­та же­на ќе пре­жи­вее, де­ка во по­ве­ќе­то зем­ји во све­тот се спро­ве­ду­ва ва­ков вид про­гра­ма за ра­на де­тек­ци­ја и де­ка Ма­ке­до­ни­ја тре­ба да ги сле­ди на­со­ки­те и пре­по­ра­ки­те на ЕУ, Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја, САД, Ав­стра­ли­ја и дру­ги.

Svetlana Temelkova (5) (Custom)

Д-р Свет­ла­на Те­мел­ков­ска, спе­ци­ја­лист ра­ди­о­лог при Уни­вер­зи­тет­ска­та кли­ни­ка за ра­ди­о­те­ра­пи­ја и он­ко­ло­ги­ја во Скоп­је

Што по­ка­жу­ва­ат ре­зул­та­ти­те од „Мој тер­мин“ за бро­јот на но­во­о­ткри­е­ни слу­чаи на рак на дој­ка?

ТЕ­МЕЛ­КОВ­СКА: Упра­ва­та за еле­ктрон­ско здрав­ство (Мој тер­мин) има из­го­тве­но соф­твер­ска ап­ли­ка­ци­ја по­себ­но на­ме­не­та за ске­ни­ра­ње­то и еден од­ли­чен тим во упра­ва­та ра­бо­ти на со­би­ра­ње, сле­де­ње, пре­пра­ќа­ње и еле­ктрон­ска еви­ден­ци­ја за же­ни­те во про­гра­ма­та за ске­ни­ра­ње. До ју­ни 2016 го­ди­на, осум же­ни се опе­ри­ра­ни во др­жав­но­то јав­но здрав­ство.

Да­ли по­сто­јат и дру­ги бо­ле­сти на дој­ка­та, освен кар­ци­но­мот, за кои зна­е­ме по­мал­ку?

ТЕ­МЕЛ­КОВ­СКА: По­сто­јат и бе­ниг­ни про­ме­ни на дој­ка­та, ка­ко што се ци­сти, фи­бро­а­де­но­ми, хи­перп­ла­зи­ја, аде­но­за, ин­тра­ду­ктал­ни па­пи­ло­ми, ма­стит, ап­цес и дру­го. Не мис­лам де­ка по­мал­ку зна­е­ме за овие про­ме­ни, ту­ку же­ни­те до­а­ѓа­ат на ре­дов­ни прег­ле­ди со упат во „Мој тер­мин“ ток­му за кон­тро­ла на овие про­ме­ни.

По­сто­јат не­кол­ку ди­јаг­но­стич­ки про­це­ду­ри за прег­лед на дој­ка­та. Што оп­фа­ќа маг­нет­на­та ре­зо­нан­ци­ја?

ТЕ­МЕЛ­КОВ­СКА: Маг­нет­на­та ре­зо­нан­ци­ја ко­ри­сти моќ­но маг­нет­но по­ле за прег­лед и на дој­ка и е од­ли­чен до­пол­ни­те­лен ме­тод за ди­јаг­но­сти­ка. Се ко­ри­сти за одре­ду­ва­ње на про­ме­ни­те нај­де­ни со ма­мо­гра­фи­ја или со ул­траз­вук, кај же­ни со де­те­кти­ран рак на ед­на дој­ка за одре­ду­ва­ње на про­ши­ре­но­ста на ра­кот и евен­ту­ал­ни­те про­ме­ни на лимф­ни­те жлез­ди, ка­ко и за иск­лу­чу­ва­ње на по­сто­е­ње­то по­ве­ќе од еден кар­ци­ном во иста­та дој­ка или во дру­га­та дој­ка, кај же­ни кои се со ви­сок ри­зик за рак на дој­ка и има­ат т.н. гу­сти дој­ки, кај же­ни со имп­лан­ти и за же­ни на кои им е одре­де­на хе­мо­те­ра­пи­ја и сле­де­ње на ефе­ктот од те­ра­пи­ја­та. Па­ци­ен­тка­та не смее да има не­кој вид ме­тал на се­бе или имп­лант, ка­ко што е пејс­меј­кер. При прег­ле­дот се ко­ри­сти и ин­тра­вен­ски ап­ли­ци­ра­но кон­траст­но средс­тво и прег­ле­дот трае око­лу 30 ми­ну­ти.

На ко­ја во­зраст же­ни­те тре­ба да поч­нат со са­мо­прег­лед на дој­ки­те, а ко­га со ул­траз­вук?

ТЕ­МЕЛ­КОВ­СКА: Се­ко­ја же­на тре­ба да поч­не со ме­се­чен са­мо­прег­лед на во­зраст од 20 го­ди­ни и се­ко­ја же­на тре­ба да пра­ви ме­се­чен са­мо­прег­лед за да ги за­бе­ле­жи про­ме­ни­те на дој­ка­та, ка­ко твр­ди­на, цр­ве­ни­ло, оток, се­крет од дој­ка и вов­ле­ку­ва­ње на дел од ко­жа­та или пуп­ка­та. Не се­ко­ја про­ме­на е ма­лиг­на, но за се­ко­ја про­ме­на же­на­та тре­ба да се ја­ви на ле­кар, од­нос­но кај ра­ди­о­лог. Што се од­не­су­ва до ул­траз­вуч­ни­от прег­лед, тој нај­че­сто се ко­ри­сти кај же­ни пом­ла­ди од 40 го­ди­ни, кои са­ми или нив­ни­от ма­ти­чен ле­кар за­бе­ле­жа­ле ка­ква би­ло про­ме­на на дој­ка­та. Се ко­ри­сти и ка­ко до­пол­ни­те­лен ме­тод по ма­мо­гра­фи­ја­та кај же­ни по­ста­ри од 40 го­ди­ни и кај же­ни со т.н. гу­сти дој­ки.

Да­ли ма­мо­гра­фи­ја­та е до­вол­на за да се спре­чи по­ја­ва на рак на дој­ка?

ТЕ­МЕЛ­КОВ­СКА: За жал, не­ма ка­ко да ја спре­чи­ме по­ја­ва­та на рак на дој­ка, од­нос­но не­ма пре­вен­ци­ја од рак на дој­ка. Ра­кот на дој­ка е слу­чај­на бо­лест, на­ста­ну­ва по­ра­ди ге­нет­ски фа­кто­ри и фа­кто­ри од жи­вот­на­та сре­ди­на. Тоа што мо­же­ме и мо­ра­ме е да го откри­е­ме ра­кот во не­го­ва­та ра­на фа­за, ко­га из­ле­ку­ва­ње­то е нај­ус­пеш­но, од­нос­но да ја на­ма­ли­ме смрт­но­ста од рак на дој­ка. Во ди­јаг­но­стич­ка­та ра­ди­о­ло­ги­ја не по­стои еден ме­тод кој за­ме­ну­ва друг и до­се­га, по по­ве­ќе од 40-го­диш­но искус­тво, истра­жу­ва­ње и сле­де­ње, ма­мо­гра­фи­ја­та оста­ну­ва единс­твен ме­тод со нај­го­ле­ма спе­ци­фич­ност за де­те­кти­ра­ње на ра­кот на дој­ка. Дру­ги­те ме­то­ди се ко­ри­стат ка­ко до­пол­ни­тел­ни ме­то­ди за ди­јаг­но­сти­ка. Мо­ра да спом­нам де­ка, осо­бе­но во ске­ни­ра­ње­то, мо­ра да се ко­ри­сти са­мо ма­мо­граф­ска сли­ка со со­вр­шен ква­ли­тет, од­нос­но со­вре­ме­ни ма­мо­ма­ти и тех­нич­ки до­бра ма­мо­гра­фи­ја.

Ко­ја е најм­ла­да­та па­ци­ен­тка во Ма­ке­до­ни­ја со рак на дој­ка?

ТЕ­МЕЛ­КОВ­СКА: Најм­ла­да­та па­ци­ен­тка има 18 го­ди­ни, но тоа се ре­тки слу­чаи и во све­тот и кај нас. Нај­че­ста во­зраст за за­бо­лу­ва­ње од рак на дој­ка е на 50-60 го­ди­ни.

И ма­жи­те за­бо­лу­ва­ат од рак на дој­ка. Има ли па­ци­ен­ти во Ма­ке­до­ни­ја на кои им е ди­јаг­но­сти­ци­ран рак на дој­ка?

ТЕ­МЕЛ­КОВ­СКА: Да, и ма­жи за­бо­лу­ва­ат од рак на дој­ка и во све­тот и во Ма­ке­до­ни­ја. Но, е мно­гу по­ре­док откол­ку кај же­ни­те, од­нос­но 1 слу­чај на 100.000  кар­ци­но­ми мо­же да се ја­ви кај ма­шка­та по­пу­ла­ци­ја (до­де­ка кај же­ни­те 1 од 8 ќе се со­о­чи со рак на дој­ка во сво­јот жи­во­тен век). Фа­кто­ри­те на ри­зик се слич­ни, од­нос­но нај­че­сто на во­зраст од 60 го­ди­ни, по­зи­тив­на­та се­меј­на анам­не­за и де­бе­ли­на­та.

Да­ли ед­наш откри­ен, ди­јаг­но­сти­ци­ран и из­ле­ку­ван рак на дој­ка­та мо­же да се по­вто­ри?

ТЕ­МЕЛ­КОВ­СКА: За жал, да, кај не­кои же­ни мо­же да се ја­ви по­втор­но кар­ци­ном на дој­ка, или на иста­та или на дру­га­та дој­ка, или да се ја­ват ме­та­ста­зи, од­нос­но ра­кот да се про­ши­ри. Тоа мо­же да се слу­чи по не­кол­ку ме­се­ци, по не­кол­ку го­ди­ни, и тоа кај око­лу 30 про­цен­ти од же­ни­те со ин­ва­зи­вен кар­ци­ном на дој­ка. Де­нес во све­тот еден од нај­го­ле­ми­те пре­диз­ви­ци во бор­ба­та про­тив ра­кот е да се открие ко­га и зо­што се ја­ву­ва­ат ме­та­ста­зи или по­вто­рен кар­ци­ном кај не­кои же­ни. Во САД, Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја и во Швед­ска, ка­ко и во дру­ги раз­ви­е­ни зем­ји, се вр­шат ана­ли­зи, истра­жу­ва­ња на оваа те­ма и се пра­ват го­ле­ми на­по­ри за да се дој­де до од­го­вор со цел про­дол­жу­ва­ње на жи­во­тот на же­на­та.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

(интервјуто е објавено во 216. број на неделникот „Република“ кој излезе во печат на 21.10.2016)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top